Ракомет

Охрид носи големо европско засилување – пристигнува поранешен играч на ПСЖ!

Сподели
ФОТО: PSG Handball
Сподели

Охрид продолжува да го засилува ростерот пред новата сезона, а по доаѓањето на Дино Славиќ, Доминик Мате, Никола Зечевиќ и Мартин Карапалевски, клубот добива уште едно звучно име.

Новиот член на тимот е Адама Кеита, леворако крило со богато европско искуство. Тој седум сезони го носеше дресот на францускиот гигант ПСЖ, а последната година и половина настапуваше за грчкиот АЕК Атина.

Кеита има 28 години и зад себе веќе има сериозни успеси на репрезентативно ниво – бил дел од младинските селекции на Франција и освоил бронзен медал на Светското првенство за младинци во 2017 година.

Во периодот поминат во ПСЖ, кога тимот го водеше Раул Гонзалез, тој освои дури седум титули во француското првенство, како и два трофеи во националниот Куп.

На левата крилна позиција, Охрид оваа сезона веќе располага со капитенот Гоце Ојлески и младиот Никола Ристески, па конкуренцијата таму дополнително се засилува со доаѓањето на Кеита.



Од клубот истовремено останува желбата да се задржи јапонскиот ракометар Косуке Јасухира. Тренерот на Охрид истакна дека би сакале тој да остане дел од тимот, нагласувајќи дека се работи за играч кој има договор со клуб од Кувајт, но кој во последните натпревари покажал колку е важен за составот. Сепак, признава дека неговото останување нема да биде лесно за реализација.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!