Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново има најдобра одбрана: Антонио Столевски царува на голот!

Сподели
ФОТО: Илхан Османи
Сподели



Второлигашот Шкендија Арачиново може да се пофали со неверојатна статистика кога е во прашање дефанзивата, а Антонио Столевски да се пофали со неверојатна низа на чиста мрежа на својот гол.

Столевски имаше пет меча во низа чиста мрежа, не прими погодок против Големо Коњари (0:4), Детонит Плачковица (1:), Слога Виница (0:5), Беласица (0:0) и Тетекс (2:0).

Потоа прими гол во Кочани од Осогово (1:1), а сега продолжува Столевски да гради нова низа на чиста мрежа откако врза два меча без примен гол Победа (5:0) и Кожуф (0:1).

Седум натпревар еден примен гол, 630 минути активна игра

Но, за вакви добри бројки и за одличните перформанси заслуга има Стефан Јакиомвски, кој работи како тренер на голмани во стручниот штаб на Берат Имери во Шкендија Арачиново.



Кој вели дека ваквите бројки не се случајност, туку резултат на јасно структуриран тренажен процес, современо разбирање на улогата на голманот и континуирана психолошка стабилност.

„Како дел од стручниот тим на клуб кој се бори за влез во Првата македонска лига, успешно имплементирав систем кој е научно поткрепен и, што е најважно – дава конкретни резултати на терен. Седум натпревари, еден примен гол, 630 минути активна игра. Овие бројки не се случајност, туку резултат на јасно структуриран тренажен процес, современо разбирање на улогата на голманот и континуирана психолошка стабилност.

Во рамки на мојот труд, посебен акцент ставам на следното:

„Во современиот фудбал, тренерот на голмани има исклучително значајна и комплексна улога која ја надминува традиционалната техничка подготовка. Тој е стратешки и аналитички дел од стручниот штаб, интегриран во целокупниот систем на игра. Неговата работа опфаќа техничко-тактичка едукација, физичка и ментална подготовка, анализа на перформанси, индивидуализирани програми и тесна соработка со главниот тренер и аналитичкиот тим.“ И кога системот функционира, резултатите го потврдуваат тоа“, вели Јакимовски.

Статистичка Шкендија Арачиново има најдобра одбрана со примени 15 гола, па следуваат одбраните на Брегалница и Охрид со по 16 примени погодоци, па одбраната на Скопје која примила 18 гола.



Со вакви неверојатни бројки Антонио Столевски ќе го чува голот на како што тој вели меч со карактер на финале против Брегалница во Штип. Директна дерби пресметка на Брегалница и Шкендија Арачиново за тоа кој ќе биде шампион и ќе има директен влез во Прва лига.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот старт со три порази од толку натпревари во кумановскиот прволигаш пристигнаа...

Ракомет

ФОТО: Охрид со моќно второ полувреме до нова победа – „гладијаторите“ на чекор до финале на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид продолжува со одличниот настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во рамки на групата А ја совлада Војводина со убедливи 30-19...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

ИнтернационалциФудбал

Дориев не запира: Уште еден гол и нова победа за Согдиана!

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да игра во извонредна голгетерска форма во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!