Прва лигаФудбал

Јанчев: Се оградувам и најостро го осудувам нападот кон ФФМ

Сподели
Сподели

Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, преку соопштение споделено на социјалните мрежи се огради и ги осуди сите навреди кон Фудбалската федерација на Македонија и клубот. Општина Кавадарци е доминантен сопственик на ГФК Тиквеш.

Во соопштението кое го објави градоначалникот на Кавадарци, а кое беше споделено и од ГФК Тиквеш на социјалните мрежи, Јанчев вели дека меѓу ФФМ, ГФК Тиквеш и него како градоначалник секогаш иам одлични релации и соработка како во професионалниот дел така и во подигање на спортската култура во градот и младинските категории.

„Како градоначалник на општина Кавадарци која е доминантен сопственик на ГФК Тиквеш, во изминатите години клубот го водиме кон успех кој се издвојува преку влегувањето во Првата македонска лига, опстанок во истата, излегувањето во европската лига, како и враќањето на спортскиот фудбалски дух во нашето Кавадарци.

Како градоначалник и доминантен сопственик на клубот се оградувам и најостро го осудувам нападот кон ФФМ и најодговорно и професионално тврдам дека ниту една политичка партија ниту пак функционер досега нема никакво влијание во работењето на ФФМ и спортските клубови, односно ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци.

Помеѓу ФФМ, ГФК Тиквеш и Митко Јанчев има одлични релации и соработка како во професионалниот дел така и во подигање на спортската култура во градот и младинските категории. Досега заедно со претседателот на ФФМ г-динот Масер Омерагиќ не сме имале никакви недоразбирања туку секогаш сме дејствувале исклучиво во интерес на фудбалот.

Се оградуваме и ги осудуваме сите навреди упатени кон ФФМ и кон клубот, од страна на поединци кои што се дел од фудбалските клубови во првата македонска фудбалска лига. Како доминантен сопственик заедно со останатите акционери ќе ја разгледаме потребата и можноста за промени како во стручниот штаб така и во самата управа на клубот.

Познати по нашата спортска транспарентност, квалитет и успешност пред се пред својата кавадаречка публика претставувајќи ги боите на ГФК Тиквеш ќе продолжиме со крената глава кон нови спортски успеси, чесно и поштено!

Со почит, Митко Јанчев градоначалник на општина Кавадарци“, стои во соопштението на градоначалникот на Кавадарци.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!