Останато

Дарио Ивановски со нов триумф – најбрз на полумаратонот во Дубровник

Сподели
ФОТО: Атлетска федерација на Македонија
Сподели

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски продолжува со одличните настапи на меѓународна сцена, откако триумфираше на полумаратонот во Дубровник.

Ивановски имаше сигурна и контролирана трка, која ја заврши со време од 1:06:52, што беше доволно за да го освои првото место и да се искачи на највисокото место на подиумот.

Овој успех доаѓа само неколку дена по неговиот одличен настап на маратонот во Белград, каде што го освои второто место, потврдувајќи ја својата врвна форма.

Со ваквите резултати, Ивановски уште еднаш го докажува својот квалитет и статус на најдобар македонски атлетичар, достојно претставувајќи ја Македонија на меѓународната сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!