Ланскиот шампион во Трета лига – Запад, екипата на Влазерими со 6:4 славеше над Велазерими Слатино и користејќи го „киксот“ на Тетекс, дојде до само бод негатива во однос на „штофарите“ од Тетово.
Тетекс е прв со 29 бодови, а пак Влазерими е втор со 28 бодови на своето конто.
Љабинот Елези и Албулен Имери беа двојни стрелци за домашнио тим, а по еден гол постигнаа Сутки Муслија и Велезерим Ајдини, додека пак за гостинскиот тим Фљамур Мемеши бепе двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Блерим Имери и Башким Фаризи.
Речица преку погодоците на Шасивари и Зибери дојде до триумф од 2:0 над екипата на Зајази.
Ренова доживеа тежок пораз откако загуби од Џепчишти со резултат од 0:4. Зубери, Саљиу и Абдулаху постигнаа погодоци за 0:3 на полувреме, а во вториот дел падна уште еден гол, автор на истиот беше Рустеми за 0:4.
Љуботен на домажен терен загуби од Дрита со минимални 0:1, гостинот во Боговиње носи три бодови благодарение на глот на Хузри Џемаили.
Како што вчера објави Спортска Мрежа екипата на Напредок дома беше поразена од Доброшти со 1:4, а пак Камјани и Тетекс одиграа 1:1, со што „киксна“ ланскиот второлигаш.