Прва лигаФудбал

Вардар оди само на триумф против Тиквеш, лидерот сака три бода и ништо друго!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Како што одминува времето и се приближува крајот на шампионатот, така битката за титулата, но и онаа за опстанок станува се поинтензивна и по неизвесна. Мечеви има уште малку, а оние кои што преостанаа треба да се добијат.

Лидерот Вардар не е во позиција да киксира повеќе. „Црвено – црните“ тоа пролетва веќе го направија, предноста која што ја имаа пред Шкендија се стопи и сега е само на еден бод. Токму затоа избраниците на тренерот Гоце Седлоски имаат императив на победа секогаш кога ќе излезат на терен.

Денеска тоа ќе го сторат во домашни услови на Арената Тодор Проески во Скопје, каде што од 16:00 часот ќе го пречекаат тимот на Тиквеш. Мотивиран и пролетва сосема солиден ривал, кој што во Скопје доаѓа да ги „расипе“ плановите на противникот. Дали ќе успее во тоа ќе видиме, но Вардар како што тоа биваше во минатото, не зависи премногу од противникот, туку од самата своја игра. Ако лидерот е на потребното ниво, тешко кој може да му парира.

На последните два меча одиграни помеѓу овие два ривала, Вардар победи со 3:1 токму на Арената, а претходно тоа го стори и во Кавадарци 1:2. Последен пат кога Тиквеш имаше позитива беше на 13.04.2025 година кога во Скопје одигра 2:2. Закариќ и Сенхор беа стрелци за Вардар додека Садик и Мишов погодија за Тиквеш.

Во пресрет на овој натпревар Вардар е лидер на табелата со 68 бода, додека Тиквеш е петти со 40.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!