Прва лигаФудбал

Арсими со скок на табелата во ПМФЛ и чекор поблиску до опстанок

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели



Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Арсими денес со убедлив триумф од 5:1 го декласираше Шкупи за отварање на 29. коло.

Екипата на Вилдан Салиу сега е на чекор до опстанок во елитата, бидејќи направи посериозна разлика од бараж зоната.

Арсими сега е шести со 38 бодови, дури пет повеќе од Брера Струмица која е осма со 33 бодови, но секако дека кога ќе се комплетира колото може да се случи да се намали таа бодовна предност, но во секој случај ова за Арсими е голем чекор кон опстанокот.

Арсими сега го скокна Башкими на табелата и има 38 бодови за шестото место на табелата. До комплетирање на колото Арсими има десет бодови повеќе во однос на зоната за директно испаѓање. Арсими дури сега е во ситуација да игра и за петтото место, бидејќи ако Тиквеш загуби на гостувањето кај Вардар, тогаш тимот од Кавадарци ќе има само два бода предност, а потоа ќе следува пресметката на Тиквеш и Арсими за петтото место.

Арсими до крајот ќе игра со Тиквеш, потоа следува дербито со Башкими, мечот со Силекс и во последното коло со Струга Трим Лум.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи влегуваат во пресметката со јасна...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!