Во рамки на 12. коло на Трета лига – Југ кое се одигра денес екипата на Превалец запиша важна победа од 2:0 над Младост од Кривогаштани.
Многу борбеност на натпреварот од страна на двете екипи, со желба за победа и освојување на трите бодови. Победата за Превалец е важна бидејќи екипата настапи со пет младинци до 21 година.
Стрелец на дват гола беше Дејан Стефановски, кој погоди во 7. и 87. минута од натпреварот.
Бучин го изненади екс второлигаш Росоман и го совлада преку пресврт во вториот дел со 2:1. Гостинот преку голгетерот Слободен Дуков дојде до водство од 0:1, а во вториот дел Мицески и Вурмески постигнаа погодоци за конечни 2:1.

Ултрас добива службени три бодови од мечот со откажаниот Обршани (3:0 службен резултат).
Башкими 2008 на домашен терен славеше победа над Венец од Долни Дисан со 2:0, преку дваа гола на Зани Ахмедовски.
Лидерот Големо Коњари претрпе пораз од екипата на Влазними Јуниор со 2:0. Стрелци беа Мевлан Усеиноски и Денис Шабаноски.
Дреново и Питу Гули ги поделија бодовите откако одиграа реми со по еден гол 1:1. Гостите преку Алимоски во 39. минута дојдоа до 0:1 на полувреме, а во вториот дел Илов ги постави конечните 1:1.
Екипата на Слога во оваа коло беше слободна.