Трета лигаФудбал

Славеј Мешеишта со голема победа, Сатеска Волино преку Секулоски до нов триумф, Преспа слави на крилата на Пластиновски!

Сподели
Сподели

Денес се комплетираше 11. коло во Трета лига – Југозапад, откако истото беше отворено вчера со победата на Кораби од 2:3 над Велешта, за што инфорамирше Спортска Мрежа.

Славеј Мешеишта со 2:0 славеше сигурена победа над битолскиот тим Е. Онлајн. Двата погодоци во Мешеишта паднаа во првиот дел од мечот, откако Петар Крцоски постигна гол во 15. минута од натпреварот, а во 43. минута Марко Калески ги постави конечните 2:0, откако во вториот дел мрежите мируваа.

Кравари на домашен терен забележа победа од 3:2 над ланскиот второлигаш Караорман од Струга. Емини и Марцевски постигнаа погодоци за 2:0 на полувреме. Во вториот дел Мицевски зголеми на високи 3:0, а потоа Христијан Спироски и Бојан Клечароски постигнаа погодоци за 3:2 и ја вратија неизвесноста околу тритете бодови, но стружани немаа сили за реми или пресврт.

Сатеска од Волино преку Никола Секулоски кој беше двоен стрелец дојде до триумф од 1:3 над Влазними со што гостинот носи три важни и големи бодови на патот кон првото место и баражот за Втора лига.

За гостинскиот тим погодоци Лука Богданоски, додека пак за домаќинот стрелаше Ндерим Туши.

Искусниот Никола Пластиновски носи три бодови за Преспа, која славеше со 2:3 над Света Троица во Охрид, меч кој беше со хуманитарен карактер, каде се донираа средства за лекувања на малата Теодора.

Победата добива на тежина бидејќи беше извојувана преку пресврт и тоа во финишот на мечот.

Бимбилоски и Угриноски постигнаа погодоци за 2:0 на полувреме, во вторито дел Неџми Реџепи посигна погодок за 2:1, додека пак Пластиновски во 60. минта погоди за 2:2. Во последните пет минути од натпреварот Пластиновски постигна втор гол за конечни 2:3.

Демир Хисар се намачи во дербито од дното на табелата за триумф над Светлост во Кукуречани, со голот на Олиер Јанкуловски во 85. минута.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!