Трета лигаФудбал

(ВИДЕО) Градскиот стадион во Валандово повторно блеска: Перфектен терен кој нуди одлични услови за игра

Сподели
Сподели



Градскиот стадион во Валандово повторно е во одлична состојба и подготвен да одговори на сите фудбалски предизвици. По долг период во кој инфраструктурата беше запоставена, денес стадионот изгледа како што доликува на еден амбициозен клуб и град со фудбалска традиција.

Најголемата промена е видлива на самиот терен, кој е доведен во перфектна форма. Тревникот е целосно обновен и нуди одлични услови за игра, а околината на теренот е расчистена со отстранување на неколку дрвја кои претходно претставуваа пречка. Дополнително, трибините се исчистени и повторно ставени во функција, со што љубителите на фудбалот повторно можат да уживаат во натпреварите во пријатна атмосфера.

Овие позитивни промени доаѓаат во период кога ФК Победа Валандово ја оживува својата приказна. Клубот оваа сезона се врати на фудбалската карта на Македонија и со амбициозна игра се бори за пласман во Втората лига.

Голем придонес за враќањето на стадионот во полн сјај има претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз Валандово, Сашко Бајлозов, кој презеде конкретни активности за подобрување на условите. Благодарение на тие напори, објектот денес изгледа уредено и функционално.

Вреди да се напомене дека пред околу два месеци стадионот беше цел на сериозен инцидент, кога возило влезе на теренот и предизвика значителни оштетувања на тревната површина. Сепак, со брза реакција и ангажман, штетата беше санирана за краток период, а теренот повторно е во беспрекорна состојба.

Со вакви услови и амбиции, Валандово повторно живее за фудбалот, а стадионот е симбол на новиот почеток и надежта за уште поголеми успеси на Победа во периодот што следува.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФК АП Брера и ЖФК Тиверија Брера организираат промоција на книга посветена на развојот на талентираните деца

Фудбалските клубови АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираат промоција на книгата „Прирачник за родители на надарените и талентираните“, од академик, проф....

Турнири

ФК Олти од Косово го потврди учеството на Ohrid Winter Cup

Меѓународниот фудбалски турнир Ohrid Winter Cup ќе има силна конкуренција, откако ФК Олти од Пеќ, Косово го потврди учеството. Се работи за фудбалска...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

ФК АП Брера и ЖФК Тиверија Брера организираат промоција на книга посветена на развојот на талентираните деца

Фудбалските клубови АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираат промоција на...

Прва лигаФудбал

Шкендија против Силекс ќе цели кон нови три бода

Шкендија се враќа на фудбалските обврски по двонеделната пауза поради репрезентативните настапи,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!