Прва лигаФудбал

Струга ТЛ немилосрдна во Куманово: Башкими капитулираше со играч помалку

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Струга Трим Лум запиша убедлива гостинска победа од 0-4 против Башкими во рамките на Првата македонска фудбалска лига, во натпревар во кој клучен момент беше исклучувањето на домашниот состав уште во првото полувреме.

Иако конечниот резултат не го отсликува целосно текот на првото полувреме, Башкими влезе похрабро во мечот и создаде неколку сериозни прилики. Алими, Ор и Аворнио се заканија кон голот на Струга, но без реализација, а дополнително им беше поништен и погодок поради офсајд.

Пресвртот се случи во 37. минута кога Хасан заработи директен црвен картон поради остар старт врз Малески. Со играч помалку, домашниот тим загуби на компактност, што Струга знаеше да го искористи. Во судиското надополнување од првиот дел, Воша испрати прецизен центаршут, а Компаоре со глава донесе водство за гостите.

 

Во второто полувреме, стружани целосно ја презедоа контролата. Иако не форсираа висок ритам, трпеливо ја градеа играта и го чекаа вистинскиот момент. Тој дојде во завршницата, кога за краток период го решија прашањето околу победникот.

Компаоре по вторпат се запиша во листата на стрелци, откако топката од неговиот удар од пречката ја мина гол-линијата. Веднаш потоа Малески беше најприсебен по една одбиена топка и зголеми на 0-3, за на крајот Бојан Илиевски да ја запечати убедливата победа со четврти погодок.

Со овој триумф, Струга Трим Лум сигурно ги освои бодовите на тешкото гостување, додека Башкими може да жали за пропуштените шанси во првиот дел и раниот црвен картон кој значително го одреди текот на натпреварот.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!