Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Фудбалскиот стадион „Езеро“ во Крушево – пример како со љубов се гради вистинска спортска приказна

Сподели
Сподели



Фудбалскиот стадион „Езеро“ во Крушево претставува вистински пример како со посветеност, грижа и љубов кон спортот може да се создадат одлични услови за работа, и покрај скромните финансиски можности.

На овој стадион своите натпревари ги игра третолигашот Питу Гули, клуб со богата историја кој во минатото беше дел и од Втората лига. Денес, иако настапува во понизок ранг односно во Трета лига – Југ, условите на кои функционира клубот се на завидно ниво.

Теренот на „Езеро“ е во одлична состојба, во полн сјај и според квалитетот може слободно да конкурира, па дури и да ги надмине условите на некои стадиони каде се игра второлигашки и прволигашки фудбал.

Зад ваквата слика стои сериозна работа – континуирана грижа, внимание и голема посветеност од луѓето кои го одржуваат и живеат за клубот и спортот во Крушево.

Ова е доказ дека љубовта кон фудбалот може да направи разлика. Во Крушево постои искрена желба за напредок, а токму ваквите проекти покажуваат дека со правилен пристап може да се создадат услови достојни за развој на млади фудбалери, но и за одигрување квалитетни натпревари.

Дополнително, Крушево како туристички центар има огромен потенцијал да стане база за спортски подготовки. Чистиот воздух, природата и ваквата инфраструктура се одлична комбинација за екипи кои бараат идеални услови за тренинг.

Спортска Мрежа и понатаму ќе ги истакнува ваквите позитивни примери – терени и стадиони каде со многу љубов, труд и посветеност се создаваат услови за спортски развој. „Езеро“ во Крушево е токму таков пример – како треба да се однесуваме кон спортската инфраструктура.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Младинките на Газели Волеј со пресврт го освоија шампионскиот пехар

Екипата на Газели Волеј се закити со шампионската титула во женска младинска конкуренција, откако на завршниот турнир одигран во СЦ „Форца“ во Скопје...

Останато

Струмица 47&72 ја одбрани титулата кај кадетите

Кадетскиот тим на Струмица 47&72 продолжува со одличните настапи во конкуренцијата до 17 години, откако успешно ја одбрани шампионската титула. Во финалето на...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Струга ТЛ го победи Силекс и го „запечати“ третото место

Струга Трим Лум со 2-0 го победи Силекс во 29. коло од...

Прва лигаФудбал

Додев: Во добра серија сме, играме добро, очекуваме победа против Струга Трим Лум

Силекс заостанува седум бода зад третата позиција на табелата, но денеска таа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!