Втора лигаФудбал

Преспа официјално испадна во Трета лига – Југозапад

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

По една сезона во Втората македонска фудбалска лига екипата на Преспа од Ресен експресно се враќа назад во Трета лига – Југ.

Денес на стадионот „Билјанини Извори“ екипата на Преспа беше декласирана со 6:1 од Охрид, впишувајќи го 21 пораз сезонава односно петтиот во низа.

Преспа е на 13. место со 12 бодови, во игра остануваат 15 бодови, а од деветтото место кое води во баражот за опстанок, „јаболкарите“ имаат 17 бодови негатива, а тоа значи и математички се селат во Трета лига – Југ за следната сезона.

Во следното коло Преспа на домашен терен ќе игра против Скопје уште еден тежок меч каде поради огромната разлика во квалитет јасно е дека Преспа ќе запише нов пораз.

Ресен после долги години имаше можност за првпат да следи второлигашки фудбал, но тоа траеше само една сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!