Втора лигаФудбал

(ВИДЕО) ФК Кожуф реагира: Во Струмица одново ни беше поништен чист гол

Сподели
ФОТО: ФК Кожуф
Сподели



Кожуф и Беласица ремизираа без голови (0-0) во натпреварот од 25. коло во Втората лига, одигран во Струмица, при што двата тима ги поделија бодовите.

По средбата, клубот од Гевгелија излезе со реакција до јавноста, изразувајќи незадоволство од судењето и одлуките на арбитрите, за кои сметаат дека директно влијаеле на резултатите во повеќе натпревари.

„Како клуб и денес сме оштетени од страна на судиите на мечот против Беласица во Струмица. Денес одново ни беше поништен чист гол од страна на главниот судија Марјан Дејаноски, како и претходно кога на неколку натпревари бевме оштетени во ситуации кога ни биле поништени чисти голови како што беше случајот кога гостувавме во Новаци. Ваквите одлуки на судиите директно имаат влијание врз бодовното конто, бидејќи нашиот тим загуби драгоцени бодови со кои сега би биле во погорниот дел од табелата“, се вели во соопштението на ФК Кожуф, испратено до редакцијата на Спортска Мрежа.

По реакцијата шефот на стручниот штаб Иван Варадиновски и неговиот помошник Трајче Ников прво добија жолт картон, а потоаи црвен.

Во следното коло, Кожуф ќе настапи на домашен терен против екипата на Шкендија Арачиново.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!