Втора лигаФудбал

Здравков: Недостасуваа головите од наша страна

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Детонит Плачковица со минимални 0:1 загуби од Брегалница во дербито на 25. коло на Втора лига, а единствен стрелец беше Бојан Рајков.

Доста шанси не реализираше тимот од Радовиш, особено од 72. минута кога голманот на „сините“ Филип Купанов доби директен црвен картон поради спречување на очигледна шанса за гол надвор од 16-те метри.

Тренерот на Детонит Плачковица, Горан Здравков им честиташе на фудбалерите на Брегалница за победата, истакна дека одиграле борбен меч, но недостасувале погодоците од нивна страна.

„Честитки за Брегалница која заслужено победи денес. Ние го дадовме максимумот за да стигнеме до позитивен резултат, имавме еден борбен натпревар, но недостасуваа головите од наша страна. Се насочуваме кон следниот меч“, изјави Горан Здравков, тренерот на Детонит Плачковица.

Сега радовишани се насочуваат кон следните предизвици кои стојат пред тимот од крајот од сезоната.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!