Ракомет

Ѓорче Петров рутински до финале, без милост за Пелистер

Сподели
Сподели

Ракометарките на Ѓорче Петров со убедлива и сигурна игра обезбедија ново финале во Купот на Македонија, откако во полуфиналето во Струмица славеа против Пелистер со високи 37-15.

Уште од самиот почеток беше јасно кој ќе ја диктира играта. „Лавиците“ отворија фуриозно и со серија од 7-0 практично го решија прашањето околу победникот. До крајот на првиот дел разликата дополнително порасна, па на пауза се замина со убедливи 19-5.

Во продолжението, и покрај ротациите во составот, фаворитот ја задржа контролата и рутински го приведе натпреварот до крај. Младиот тим на Пелистер се бореше колку што можеше, но немаше капацитет да парира на поискусниот противник.

Најефикасна во победничкиот состав беше Стефанија Ѓоргиевска со девет погодоци, додека кај Пелистер по три пати во листата на стрелци се запишаа Елмазовска, Бундоска и Тодоровска.

Со оваа победа, Ѓорче Петров ќе има можност да го брани трофејот, а противникот во финалето ќе го добие од дуелот меѓу Чаир и Спартак, кој се игра вечерва во салата „Парк“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!