Прва лигаФудбал

ФОТО: Силекс немилосрден во Кратово – Брера испратена со четири гола во мрежата

Сподели
Сподели

Фудбалерите на Силекс ја продолжија победничката серија во Првата македонска лига, откако на домашен терен убедливо ја совладаа Брера Струмица со 4-0 во рамки на 28. коло.

Кратовчани уште од стартот наметнаа висок ритам и создадоа неколку добри прилики, а иницијативата беше крунисана во 19. минута кога Бутуровиќ ја затресе мрежата за водство од 1-0. До паузата домаќините имаа уште неколку шанси, но резултатот остана непроменет.

Во второто полувреме, тимот предводен од Александар Васоски целосно го скрши отпорот на струмичани. Додев брзо зголеми на 2-0, а Алиќ неколку минути подоцна додаде трет гол, потврдувајќи ја доминацијата.

Конечниот резултат го постави Пиреш со ефектен погодок, ставајќи точка на убедливиот настап.

Брера ретко се закануваше и делуваше немоќно пред разиграниот противник, кој во еден период можеше да стигне и до поубедлив триумф.

Со оваа победа, Силекс ја запиша четвртата победа по ред и сериозно се вклучи во борбата за врвот, додека Брера останува во незгодна позиција во битката за опстанок.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!