Втора лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Победа и Слога Виница испаднаа во Трета лига

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

На шест кола до крајот Победа и Слога Виница испаднаа во Третата македонска фудбалска лига, од следната сезона Прилеп и Виница ќе гледаат третолигашки фудбал.

До крајот остануваат уште шест кола, а во игра се 18 бодови, двете екипи со по 11 бодови го делат 14. место во Втората лига, а со оглед на тоа што Каменица Саса има 29 бодови и се наоѓа на 11. место на табелата, последна позиција од бараж зоната, тоа значи дека Победа и Слога Виница и официјално се испаднати во Трета лига.

Победа од следната сезона ќе игра во Трета лига – Југ, а пак Слога Виница во Трета лига – Исток.

Големо Коњари во претходното коло испадна во Трета лига – Југ. Во следното коло во Трета лига – Југозапад ќе испадне Преспа од Ресен, а за три кола и Вардар Неготино во Трета лига – Југ.



Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 🔼 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 24 17 4 3 55 15 +40 55
2 🔽 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 24 16 5 3 58 13 +45 53
3 ➖ ФК СКОПЈЕ АД 24 17 2 5 50 18 +32 53
4 ➖ ЗФК Шкендија Арачиново 77 24 16 5 3 43 13 +30 53
5 ➖ ФК БЕЛАСИЦА АД 24 15 3 6 49 17 +32 48
6 🔼 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 24 13 5 6 47 19 +28 44
7 🔽 ГФК ОСОГОВО 24 13 5 6 36 18 +18 44
8 ➖ ЗФК НОВАЦИ 2005 24 12 4 8 37 21 +16 40
9 ➖ ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 24 9 8 7 35 21 +14 35
10 ➖ ФК ТЕТЕКС 1953 24 10 3 11 40 36 +4 33
11 ➖ ФК КАМЕНИЦА САСА 24 7 8 9 43 41 +2 29
12 ➖ ГФК ВАРДАР Неготино 24 5 3 16 26 68 -42 18
13 ➖ ФК ПРЕСПА 24 4 0 20 25 59 -34 12
14 ➖ ФК СЛОГА 1934 24 3 2 19 23 65 -42 11
15 ➖ ФК ПОБЕДА АД 24 3 2 19 15 81 -66 11
16 ➖ ФК ГОЛЕМО КОЊАРИ 24 2 1 21 13 90 -77 7

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј 2026, Полска, е следниот противник на македонската одбојкарска репрезентација. Дуелот од...

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!