Прва лигаФудбал

Вардар славеше во градското дерби, Силекс продолжува со победнички ритам

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Вардар стигна до минимална, но значајна победа од 1:0 над Работнички во градската пресметка од 27. коло во Првата македонска фудбалска лига. Човек на одлука беше Стефан Цветковиќ, кој во 23. минута со одлично изведен слободен удар, со помош на дирекот, ја затресе мрежата на противникот.

Иако натпреварот не понуди висок ритам, двете екипи имаа свои шанси. Работнички се закани преку Омерагиќ и Мухарем, додека Вардар можеше и порано да поведе. Во второто полувреме најголемата можност за израмнување ја имаше Мерџани, но неговиот обид го сопре Талески. До крајот, „црвено-црните“ не дозволија изненадување и ги освоија трите бода.

Во Кратово, Силекс ја продолжи победничката серија, откако со 1:0 го совлада Башкими и ја запиша третата победа во низа. Иако резултатот е минимален, домаќините имаа далеку повеќе од играта и создадоа бројни шанси.

Во првиот дел најактивен беше Додев, кој неколкупати се закани, но без реализација. Башкими се разбуди во финишот од полувремето, но Џеков беше сигурен на голот. Во вториот дел притисокот на Силекс продолжи, а клучниот момент се случи во 66. минута кога Личина направи прекршок како последен играч, заработи црвен картон, а домаќините добија пенал.

Одговорноста ја презеде Додев, кој во 68. минута сигурно реализираше од белата точка за водство и, како што се покажа, конечен резултат. До крајот Силекс создаде уште неколку прилики, но резултатот остана непроменет.

Со овие три бода, Силекс останува во трката за висок пласман, додека Вардар со триумфот во дербито доби дополнителен мотив во продолжението од сезоната.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот Детонит Плачковица, за што Спортска Мрежа прва објави во Радовиш има...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!