Втора лигаФудбал

Брегалница осамен лидер, “киксови” на Охрид и Шкендија Арачиново, три бода за Скопје и радовишани

Сподели
Сподели

Сосема очекувано Брегалница го декласираше новиот третолигаш Големо Коњари со 6:1 во Штип, во рамки на 24. коло на Втора лига.

Брегалница сега е осамен лидер на табелата во Втора лига и има предност пред конкурентит.

Стрелци беа Костадин Капсаров Костадин, Дино Михолов Дино погоди двапати, Давид Калпачки, Аљбан Мемеди и Лука Бојаџиев.

Исто така убедлива победа имаше и Кожуф кој дома со 5:2 ја доби Слога Виница, која испадна во Трета лига – Исток.

Стрелци во Гевгелија беа за Кожуф беа Филип Тодороски и Лука Трајкоски кои беа двојни стрелци, а еднаш погоди Димитар Дуев Димитар. За гостинот од Виница погодија Михаил Воинов и Давид Спасов.

Во Кочани екипата на Шкендија Арачиново во финишот остана без трите бодови откако прими гол во финишот за 1:1.

Арсим Љамалари го отвори резултатот во 7. минута за 0:1 на полувреме. Во вториот дел во самиот финиш Филип Јованов погоди за делба на бодовите, по одлична асистенција на Христијан Поп Антоски, а мора да се издвои и одличната интервенција на Ѓорѓи Јованоски и не дозволи противникот да стигне до двојна предност.

“Кикс” на Охрид откако одигра 1:1 со Каменица Саса. “Рударите” преку Мухамед Бекир во 54. минута, а Наумче Бакрачески во 70. минута погоди за 1:1 и делба на бодовите.

Детонит Плачковица со 0:3 славеше над Вардар Неготино со погодоците на Мичковски, Мисердовски и Христовски.

Тетекс со 2:0 ја доби Преспа и освои три бодови со головите на Агон Елмази и Азис Јамини.

Скопје се намачи за минимално славје од 0:1 над Новаци со голот на најдобриот стрелец Виктор Паунов.

Беласица со 0:5 ја доби Победа во Прилеп преку три гола на Ерион Шуку и два гола на Бујар Иљази.

На врвот е Брегалница со 55 бодови, Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново го делат второто место со 53 бодови.

Наскоро детална анализа на Спортска Мрежа.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот Детонит Плачковица, за што Спортска Мрежа прва објави во Радовиш има...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!