Прва лигаФудбал

Муарем: Вардар е лидер и се бори за шампионската титула, но и ние имаме своја цел

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Работнички по поразот од Шкендија (0-3) е пред нов голем предизвик. Во 27.коло ќе ги одмери силите со лидерот на табелата Вардар на Арената „Тодор Проески“.

Грешките од претходниот дуел не треба да се повторат, а избраниците на Муарем Муарем се надеваат дека можат да останат непоразени во градската пресметка со „црвено-црните“.

Работнички се бори за опстанок и секој освоен бод е од исклучително значење за клубот од Дебар Маало.

„Вардар е лидер и се бори за шампионската титула, но и ние имаме своја цел, да обезбедиме опстанок во елитата. Ќе се бориме до последен атом на силите, затоа што секој бод за нас е исклучително важен до крајот на сезоната. Верувам дека тимот ќе успее да се врати психолошки по поразот од Шкендија, а мотивацијата секако е на највисоко ниво. Се надеваме дека ќе успееме да ја оствариме нашата цел“, изјави Муарем Муарем.

Натпреварот меѓу Вардар и Работнички ќе се одигра на Арената „Тодор Проески“, со почеток во 15:30 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот Детонит Плачковица, за што Спортска Мрежа прва објави во Радовиш има...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!