Кошарка

Како изгледаат табелите во Третата кошаркарска лига?

Сподели
Сподели

Викендот ќе бидат одиграни натпреварите од 5. коло во Третата кошаркарска лига на Македонија, која е поделена во три групи, односно група А, група Б и група В.

Во продолжение табелите и моменталната состојба во сите три групи од Третата кошаркарска лига.

  • ТРЕТА КОШАРКАРСКА ЛИГА – ГРУПА А:
# Тим ОН Поб Пор КД КП КР Бод
1 Љуботен 4 3 1 341 262 +79 7
2 Тетекс ТТК 3 3 0 272 197 +75 6
3 Феникс баскет 3 3 0 212 184 +28 6
4 Гостивар 2 4 1 3 266 295 -29 5
5 МКК Куманово 4 1 3 293 345 -52 5
6 Дибра еаглс 3 1 2 205 250 -45 4
7 Младинец 3 0 3 196 252 -56 3

Во рамки на 5. коло од групата А екипата на Дибра Еаглс ќе игра против Тетекс во Дебар, Гостивар 2 ќе го пречека тимот на Љуботен, додека пак Феникс Баскет ќе игра против Младинец. Во рамки на оваа коло во групата А слободна ќе биде екипата на Куманово.

  • ТРЕТА КОШАРКАРСКА ЛИГА – ГРУПА Б:
# Тим ОН Поб Пор КД КП КР Бод
1 Овче Поле 4 3 1 312 289 +23 7
2 Хераклеа 3 3 0 277 202 +75 6
3 Конзули Битола 3 2 1 250 211 +39 5
4 Чаир 2030 4 1 3 325 355 -30 5
5 Спортисимо баскет 4 1 3 284 319 -35 5
6 ИБА Скопје 3 1 2 256 276 -20 4
7 Мега Баскет Јуниор 3 1 2 191 243 -52 4

Во рамки на 5. коло во групата Б на Третата кошаркарска лига на Македонија екипата на Мега Баскет Јуниор во Прилеп ќе го пречека тимот на ИБА Скопје, Чаир 2030 ќе игра против Овче Поле, во Битола ќе се одигра градското дерби меѓу Хераклеа и Конзули, а пак екипата на Спортисимо Баскет ќе биде слободна во оваа коло.

  • ТРЕТА КОШАРКАРСКА ЛИГА – ГРУПА В:
# Тим ОН Поб Пор КД КП КР Бод
1 Струмица Ролинг 3 2 1 246 227 +19 5
2 МКК Вардар 2 2 0 171 141 +30 4
3 КК Гевгелија 2 1 1 163 140 +23 3
4 Шкупи 2 0 2 125 186 -61 2
5 Баскет Дино 1 0 1 75 86 -11 1

Во Трета лига – група В е тотален хаос, со оглед на тоа што екипата на Струмица се откажа пред почетокот на првенството, а пак екипата на Баскет Кам беше дисквалификувана поради два неодиграни натпревари од првите две воведни кола, а тоа значи од седум екипи во оваа група останаа само пет екипи.

Според тоа во рамки на 5. коло ќе се одигра само еден натпревар Гевгелија против Баскет Дино, а екипите на Шкупи, Струмица Ролинг и Вардар ќе бидат слободни.

За квалитетот и не треба многу да се зборува со еден натпревар во коло и со многу слободни екипи само по себе кажува каков квалитет треба да се очекува.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Стрмљан повикува: ,,Срце на терен и поддршка од трибините против Пелистер!“

Во рамки на 17. коло од Суперлигата, ГРК Охрид во недела ќе го пречека шампионот Еурофарм Пелистер во „Билјанини Извори“. Се очекува тешка...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија U18 славеше на првиот од двата пријателски натпревари во Струмица — Хоџа двоен стрелец

Вчера во Струмица се одигра пријателскиот натпревар помеѓу младинските селекции на Македонија и Црна Гора (U18), на кој нашата репрезентација заслужено славеше со...

Поврзани написи
Кошарка

Познати двојките за четвртфиналето од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција

По завршувањето на седмото коло во Прва женска кошаркарска лига, веќе се...

Кошарка

Фаворитите според планот: Баскет Кам и Крива Паланка убедливи, Патриот со нов пораз!

Седмото коло од Првата женска кошаркарска лига донесе доминација на фаворитите и...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг...

Кошарка

Гевгелија го пречекува незгодниот ривал Шар Планина во дербито на колото

Во машката Аматерска лига викендов ќе се одиграат натпреварите од 6. коло,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!