Ракомет

Јасухира блесна на дебито, Охрид го прегази Тиквеш и се зацврсти на второто место

Сподели
Сподели

Ракометарите на Охрид продолжуваат со одличните настапи во плеј-офот од Суперлигата, откако на домашен терен убедливо го совладаа Тиквеш со 37-20 и направија уште еден чекор кон остварување на целта – излез на европска сцена.

„Гладијаторите“ го потврдија квалитетот по големата победа во Битола, а во салата „Билјанини Извори“ доминираа во текот на целиот натпревар. Иако гостите од Кавадарци подобро го отворија мечот и поведоа со 2-0, тоа беше единствениот момент во кој имаа контрола.

Охрид брзо го презеде водството и до крајот целосно го диктираше темпото.

По првото полувреме резултатот беше 19-14, но вистинската разлика беше направена по паузата. Домашниот состав одигра феноменална одбрана и го ограничи противникот на само шест постигнати гола во вториот дел, што на крајот донесе убедлив триумф од 17 гола разлика.

Во центарот на вниманието беше новото засилување, Јапонецот Косуке Јасухира, кој имаше импресивно деби. Средниот бек постигна шест гола и додаде осум асистенции, веднаш покажувајќи дека ќе биде големо засилување за тимот. Поддршка доби од Ќосевски и Савревски, кои исто така реализираа по шест погодоци.

Кај Тиквеш, најефикасни беа Стојановски и Мијуховиќ со по пет гола, но гостите немаа решение за расположениот домаќин, особено во второто полувреме.

Со овој триумф, Охрид стигна до 44 бода и се зацврсти на втората позиција на табелата, оставајќи го зад себе Еурофарм Пелистер. До крајот на шампионатот остануваат уште пет кола, а битката за врвот и излез во Европа станува сè поинтересна.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станковски го избра составот: Македонија У15 ќе настапи на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години, составена од играчи од генерацијата 2011, ќе учествува на Светското првенство во фудбал во форматот...

Ракомет

Чупиќ: ,,Во Нант мораме да покажеме вистински гард и став!”

Ракометарите на Вардар 1961 вечерва го играат петтиот натпревар во Лигата на шампионите, а пред нив е тешко гостување кај францускиот Нант. Домашниот...

Поврзани написи
Ракомет

Чупиќ: ,,Во Нант мораме да покажеме вистински гард и став!”

Ракометарите на Вардар 1961 вечерва го играат петтиот натпревар во Лигата на...

Ракомет

Ѓорѓески верува во нов европски поход: „Да го повториме успехот од минатата сезона!“

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува, а со неа и желбата за...

Ракомет

РК Младост 1977 ја развива ракометната школа во Дојран: Се создаваат нови генерации млади ракометари

Ракометниот клуб Младост 1977 од Богданци продолжува да работи на развојот на...

Ракомет

Радовиш убедлив против Текстилец преку деветте гола на Васе Петров, Вардар Неготино го „прегази“ Партизан

Шестото коло на Првата ракометна лига донесе убедливи победи, голем број на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!