Прва лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Шкупи испадна во Втора лига!

Сподели
ФОТО: ФК Шкупи
Сподели

На осум кола до крајот во Првата лига, екипата на Шкупи и официјално испадна во Втората македонска фудбалска лига.

Во многу тешка сезоната за тимот од Чаир, со големи финансиски проблеми и блокада за трансфер и од УЕФА, сезона одиграна со младинци – Шкупи ја завршува сезоната на дното и со тоа од следната сезона ќе игра во Втора лига.

Екипата на Шкупи е најслабиот тим во Европа бидејќи е единствен без триумф во најдобрите европски лиги, со скор од едно реми и 24 порази.

Шкупи е првиот тим кој се пресели во Втора лига, а уште два прволигаши ќе се преселат во второлигашкото друштво, бидејќи Прва лига се крати од 12 на десет екипи.



Трката за опстанок ја водат Македонија ЃП, Работнички, Пелистер, Арсими, нешто посигурно делува Брера и Башкими.

До крајот остануваат уште осум кола, а во игра се 24 бодови.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Јанев со пресврт до второто коло на Европското првенство за јуниори

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев со голема борба и пресврт успеа да обезбеди пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од селекцијата на Португалија, и остана без шанси за осминафинале на ЕП

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и четвртиот пораз во низа на Европското првенство, со што остана без шанси за пласман во...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!