Кошарка

Гевгелија и Шар Планина во финална битка за влез во Првата кошаркарска лига

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Екипите на Гевгелија и на Шар Планина ќе играат во финалната серија од доигрувањето за пополнување на место во Првата македонска лига во наредната натпреварувачка сезона.

Ова е разврската по одигрувањето на третите натпревари од полуфиналната серија, во кои двете екипи ја искористија предноста на домашниот терен, и се пласираа во финалната.

Екипата на Гевгелија беше убедлива во мечот против ИБА баскет, славеше со високи (85:63) и со конечни (2-1) ја затвори оваа полуфинална серија.

Гостите од Скопје ја добија првата четвртина со (16:14), но гевгеличани се вратија во втората, и на полувремето имаа минимално водство, (37:34).

Како решавачки се покажаа десетте минути од третата четвртина, оние во кои домашната екипа ја направи клучната предност.

Го добија тој дел домаќините со (26:14), за сигурно водство (63:48), кое го претворија во потребен триумф.

Колев и Митев реализираа по 15.поени, а Апостолов и Лазаревски уште по 13.во победничката екипа. Во гостинската, Божиновски и Смилковски постигнаа по 15.поени, додека Станков додаде уште 11.



Противник на Гевгелија во финалето ќе биде екипата на Шар Планина, која пред својата публика во салата „Младост“ беше подобра од винички Винеам.

Славеа гостиварци со сигурни (69:58), доволни за место во финалето.

Гостиварци ја имаа предноста во целиот тек на натпреварот.

Во првиот период поведоа со (21:19), на полувремето имаа нешто повисоки (38:34). Ништо не се смени ниту по паузата, Шар Планина полека но сигурно го бараше патот кон финалето. По три одиграни периоди, домаќините водеа со (55:48), резултат кој го одбранија во последните десет минути.

Балоски го предводеше домашниот состав со 26.реализирани поени, Исајлоски имаше уште 14. На другата страна, Панов постигна 17, Саздановски 12, а Радовановиќ и Тодосиев имаа по девет поени.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во понеделник, на 19 октомври. Промената на терминот доаѓа поради настапот на...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми го решија гостувањето кај Прилеп, славејќи со убедливи 39-23, со што...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ...

Кошарка

Никола Кочовиќ е нов кошаркар на КК Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новите предизвици во сезоната. Нов...

Кошарка

Јован Кузмановски е нов претседател на КК Пелистер!

Јован Кузмановски е избран за нов претседател на Кошаркарскиот клуб Пелистер од...

Кошарка

Крива Паланка одбраната на титулата ја започнува против Вардар, Гевгелија домаќин на Патриот

Викендот започнува новата сезона во Првата женска кошаркарска лига со мечевите од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!