ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност до висок триумф над Миладиновци, лидерот Долно Коњари се „распука“!

Сподели
Сподели

Викендот во рамки на 8. коло од Општинската фудбалска лига во Гази Баба или Четврта лига, лидерот Долно Коњари однесе најубедлива победа од 1:6 над ланскиот третолигаш Петровец.

Во меч на тотална доминација двојни стрелци за победничкиот тим беа Мерис Качар и Ердоан Абдурахман, а по еден гол постигнаа Алмир Бишевац и Адмир Османовиќ, за домашниот тим единствен стрелец беше Харси Калач.

Поранешниот третолигаш Илинден со 2:0 дојде до сигурна победа над Ускуп. Двата погодоци беа постигнати во првиот дел, а стрелци на истите беа Трајановски и Најдовски.

Mаџари Солидарност дојде до домашен триумф над Миладиновци во меч со десет погодоци за конечни 6:4. Ерхан Абаз постигна хет-трик, а пак Игор Таневски беше двоен стрелец, додека еден гол постигна Иван Јофиновски.

За гостинскиот тим хет-трик постигна Емил Трајчевски, додека пка Стефан Мицановски беше стрелец на еден гол.

Марино и Гоце Делчев ги поделија бодови откако одиграа ефикасно реми од аспект на погодоци (3:3).

Богдановиќ, Фејзула и Марковски беа стрелците за домашниот тим, додека пак во вториот дел за гостинскиот тим Влатко Гоцевски беше двоен стрелец, а еден гол постигна Бошко Смилески, откако резултат на полувреме беше 1:0.

Дељадровци на домашен терен запиша проаз од екипата на Бујковци со резултат од 0:2. Во првиот дел гол даде Станковиќ, а во второто полуреме Аземи постигна гол за конечниот резултат.

Во рамки на осмото коло слободна беше екипата на Инџиково.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ВО ОФЛ ГАЗИ БАБА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ДОЛНО КОЊАРИ 8 6 2 0 20 4 +16 20
2 ФК БУЈКОВЦИ 7 5 1 1 21 4 +17 16
3 ФК ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ 8 4 3 1 27 15 +12 15
4 ФК Марино 2024 7 4 1 2 19 7 +12 13
5 ФК МАЏАРИ СОЛИДАРНОСТ-ЈУНИОР 7 4 1 2 18 12 +6 13
6 ФК ИЛИНДЕН 7 3 1 3 12 13 -1 10
7 ФК МИЛАДИНОВЦИ 7 2 2 3 20 25 -5 8
8 ФК ИНЏИКОВО 7 2 1 4 11 21 -10 7
9 ФК ДЕЉАДРОВЦИ 2010 7 1 2 4 3 16 -13 5
10 ФК ПЕТРОВЕЦ 7 1 1 5 9 23 -14 4
11 ФК УСКУП 1911 8 0 1 7 9 29 -20 1
12 ФК СКОПСКО ПОЛЕ 0 0 0 0 0 0 0 0

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!