Вечерва беше одиграни уште еден меч од 6. коло на Втората футсал лига, откако Енхалон со убедливи 11:5 ја совлада прилепска Победа.
Натпреварот практично беше решен во првиот дел кога резултатот беше 8:1 во полза на домашниот тим, па второто полувреме беше формалност.
Нико Пластиновски постигна хет-трик за струшкиот тим, по два погодоци имаа Мишо Ѓорѓиевски, Стефан Петрушевски и Дејан Милошески, додека пак Сашо Србаскоки и Бојан Јанкоски постигнаа по еден гол.
За тимот од Прилеп хет-трик постигна Кристи Крајоски, а по еден гол постигнаа Бобан Ѓорчески и Никола Трајкоски.
Колото се затвара утре со мечот меѓу Конзули и ССК Скопје, по што ќе направиме комплетен преглед на табелата во Втората футсал лига.