РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Матео Софијановски: Одиме по три бода против Ерменија, верувам дека можеме да ја исполниме целта

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Младата репрезентација до 21 година утре ќе гостува кај Ерменија во рамките на осмиот натпревар од квалификацискиот циклус за Европското првенство.

Ерменија е единствениот противник што досега го совладавме, а избраниците на селекторот Горан Станиќ веруваат дека во Ереван можат повторно да слават и да го запишат вториот триумф во меѓусебните пресметки.

Натпреварот ќе се одигра на теренот во тренинг центарот на националната асоцијација во Ереван со почеток од 15 часот.

“На дуелот против Ерменците одиме да освоиме три бода. Верувам дека целта може да ја исполниме. Сите фудбалери се подготвени да го дадат максимумот и ќе одиграме на највисоко ниво. Натпреварот со Италија беше огромно искуство за сите нас, тоа е репрезентација што се бори за првото место во групата и е фаворит за највисоката позиција. Сметам дека можеме да ја совладаме Ерменија, но мораме да ги отстраниме сите недостатоци што ги покажавме на мечот во со Италија, особено индивидуалните грешки да ги сведеме на минимум”, изјави Матео Софијановски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!