РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гоце Седлоски: Мора да покажеме карактер, дисциплина и цврстина во дуелите.

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација утревечер од 20:45 часот ќе ги одмери силите со Република Ирска во натпревар меѓу двете селекции кои не успеаја да обезбедат пласман во финалето од плејофот за Светското првенство. Дуелот ќе се одигра на стадионот „Авива“ во Даблин.

Селекторот Гоце Седлоски нагласи дека, и покрај разочарувањето по последниот натпревар, репрезентативците мора да останат максимално фокусирани и мотивирани, бидејќи настапот во националниот дрес секогаш носи голема одговорност и чест.

„Секој пораз боли, тоа е неспорно. Сѐ уште го чувствуваме разочарувањето од мечот со Данска, но остануваме смирени и фокусирани. Работата на тренинзите е на високо ниво, а наша обврска е да реагираме многу подобро на теренот. Ги анализиравме пропустите и сега е на играчите што ќе добијат шанса да го дадат својот максимум. Особено ме радува тимскиот дух што владее во соблекувалната.

Против Ирска ќе мора да покажеме карактер, дисциплина и цврстина во дуелите. Ги следевме нивните последни настапи, против Чешка беа физички доминантни и агресивни во воздушните дуели, додека против Унгарија демонстрираа и технички квалитет. Очекуваме сериозен предизвик.

Планирам да ротирам и да им укажам шанса на неколку нови фудбалери, а верувам дека ќе ја оправдаат довербата. Сакам да нагласам дека репрезентацијата е отворена за сите, секој сам одлучува дали ќе го носи овој дрес. Се игра за Македонија, а не за поединци“, изјави Седлоски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!