ФудбалФутсал

Каршиака славеше победа со 20 постигнати гола, СЕЕ Университи го освои Свети Николе, голем пораз за Кратово

Сподели
фОТО: КМФ Каршиака
Сподели

Во 16 коло на Втората футсал лига беа постигнати 60 погодоци на пет меча што носи просек од дури 12 погодоци по меч.

Најголемата победа ја имаше Каршиака која со 20:5 славеше над Карадаку на домашен терен. Победа за очекувања, но просекот на погодоци е голем.

Сеад Јакупи постигна пет погодоци, четири имаше Џезаир Рамадани со Фуркан Ќани, три гола беа дело на Бујамин Асани, двапати погоди Енис Мемеди, а по еднаш Мираџ Шази и Садам Куртеши.

За гостинскиот тим кој е на дното од табелата хет-трик постигна Шуајб Шукрија, а двапати погоди Саљи Салии.

Во меч со осум гола тимот на СЕЕ Университи ја оправда фаворитската улога славејќи над Овче Поле во Свети Николе со 2:6.

За домашниот состав стрелци беа Давид Бојковски и Давид Кипријановски, за гостинот Исмет Цека беше двоен стрелец, а по еднаш погодија Хисен Мемеди, Самир Рамадани, Гезим Азизи и Зеќирија Османи.

Лидерот Железарец со 1:4 го доби мечот со ССК во Кисела Вода. За домашниот состав погоди Илија Алексовски, за гостинот Дејан Кајсторовски беше двоен стрелец, а по еднаш погодија Петре Даиловски и Дарко Цветковски.



Конзули славеше домашен триумф откако успеа да ја добие голеадата со Партизан Југ од Брвеница со 8:6. Марјан Јовановски за домаќинот постигна хет-трик заедно со Ерен Амит, а по еден гол имаа Игор Скепаровски и Дејан Груевски.

За гостинот од Брвеница три гола беа дело на Ивица Ангелески, двапати стрелаше искусниот Даниел Радески, а еднаш погоди Тео Симњановски.

Кратово на домашен терен забележа висок пораз од тимот на Фудбал Старс, откако гостинот од Кочани со 2:6 триумфираше убедливо.

Ѓорѓи Јовановски и Горан Арсовски беа стрелци за домашниот тим, а за гостинот по два гола постигнаа Давид Тренчев и Христијан Крстов, а по еден гол Дејвид Иванов и Славче Живков.

На врвот е Железарец со 37 бодови, втор е СЕЕ Университи со 36 бодови, трет е тимот на Каршиака со 31 бод, а пак Црна Река е четврта со 30 бодови, но има натпревар помалку во однос на водечката тројка.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!