Ракомет

„Само Младост, само Богданци“ – се подготвува инвазија на Скопје!

Сподели
Сподели

Екипата на Младост Богданци утре го игра најважниот натпревар во сезоната против Мулти Есенс, дерби кое директно ќе реши кој ќе обезбеди пласман во Супер лигата.

Младост влегува како непоразен лидер, додека Мулти Есенс има само еден пораз – токму од тимот од Богданци. Влогот е огромен: победникот оди директно во елитата, додека поразениот ќе мора преку бараж да го бара патот кон Супер лигата.

Она што дополнително му дава тежина на дербито е поддршката која Младост ќе ја има од трибините. Богданци е целосно мобилизиран, а силна поддршка ќе пристигне и од Гевгелија, Валандово и Дојран, организирано сите заминуваат кон Скопје, а на трибините ќе им се придружат и сите љубители на Младост кои живеат во главниот град.

Се очекува преполна сала во Автокоманда, жестока атмосфера и натпревар во кој нијанси ќе одлучуваат. Дуелот започнува од 15 часот и веќе сега е јасно дека ќе биде вистински спектакл за македонскиот ракомет.



Едно е сигурно – Младост е решен уште утре да ги реши сите дилеми и четата на Горан Андоновски да обезбеди влез во Супер лигата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Билјана Панеска е лидер на листата на стрелци во Првата женска лига, Галабовска и Максути веднаш зад неа!

По осум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, пресек на листата на најдобри стрелци. Билјана Панеска од екипата на Тиверија Брера е...

Поврзани написи
Ракомет

Голема борба и драматичен финиш, но Вардар загуби со еден гол во Полска

Ракометарите на Вардар 1961 доживеаја нов пораз во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Алкалоид ја наостри формата пред европското деби, Струга немаше одговор на налетот на домаќинот

Ракометарите на Алкалоид со убедливо издание ја потврдија фаворитската улога против Струга...

Ракомет

Ќосевски пред Мулти Есенс: „Нè очекува млада и борбена екипа, но нашата цел е јасна“

По значајната победа во дербито со Алкалоид на домашен терен, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!