РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Бобан Николов: Селекторот носи агресија и силна мотивација, искрено верувам дека можеме

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската репрезентација интензивно се подготвува за првиот плеј-оф дуел против Данска во битката за пласман на Светското првенство.

Во составот повторно се враќа Бобан Николов, кој по двегодишна пауза повторно ќе го облече националниот дрес.

Искусниот играч за врска изрази оптимизам, потенцирајќи дека тимот поседува квалитет и има реални шанси да приреди изненадување во Копенхаген.

„Сите знаеме што значи да се игра за репрезентација. Тоа не може да се спореди со ништо, играш за својата држава и ја претставуваш. Се надевам дека ќе биде одлично и дека со моето искуство, заедно со сите во тимот, ќе придонесам да стигнеме до посакуваната цел.

Искрено верувам дека можеме. Нормално е да се надеваме, а ако ни е денот, можеме и да изненадиме. Сите веруваме и дојдовме тука со таа цел. Нема да се предадеме, ако сите одиграме на највисоко ниво, можеме да сонуваме за пласман. Прво размислуваме за Данска, тоа е најважниот натпревар. Притисокот е на нивна страна, а ние немаме што да изгубиме, можеме само многу да добиеме. Ќе влеземе смирено, ќе го оставиме срцето на терен, па што биде нека биде.

Селекторот носи агресија и силна мотивација. Знае како да ги поттикне играчите и мислам дека тоа е голем плус за нас. Ако таа енергија се пренесе на терен, можеме многу да постигнеме.“

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!