РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Александар Трајковски: Данска можеби е фаворит на хартија, но верувам во оваа екипа

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација веќе втор ден тренира во тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде ги продолжува подготовките за првиот плеј-оф натпревар против Данска во борбата за пласман на Светското првенство. Атмосферата во тимот е работна, а фокусот целосно насочен кон претстојниот предизвик.

Репрезентативецот Александар Трајковски истакна дека селекцијата мора да пристапи со максимална сериозност и одговорност на овој натпревар, имајќи предвид квалитетот на противникот.

Напаѓачот, кој пред четири години во Палермо го постигна историскиот погодок против Италија за пласман во финалниот бараж за СП 2022, верува дека новата енергија и мотивираност во тимот можат да донесат позитивен резултат. Според него, дисциплината, фокусот и концентрацијата ќе бидат пресудни фактори во дуелот со силната селекција на Данска.

„Со нов селектор доаѓа нова енергија и нова визија. Мислам дека добро ќе се подготвиме за овој натпревар. Вчера првпат се приклучив и навистина видов одлична атмосфера и квалитетен тренинг. Ако продолжиме вака, ќе бидеме максимално подготвени“, изјави Трајковски.

„Данска можеби е фаворит на хартија, но ние сме покажале дека можеме да играме против секого. Верувам во оваа екипа. Изјавите од нивна страна може само дополнително да нè мотивираат“, додаде напаѓачот.

„Искрено, ова е еден од најважните натпревари во мојата кариера на репрезентативен план. Нема поубаво чувство од победа во вакви моменти и можност да се бориш за пласман на Светско првенство. Се надевам дека ќе успееме да го повториме успехот од Палермо.“

„Ова е фудбал, се игра еден натпревар и сè е можно. Ќе ја анализираме Данска, ќе ги бараме нивните слабости и ќе се обидеме да ги искористиме. Само така можеме да дојдеме до посакуваниот резултат“, заврши Трајковски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!