Синоќа беше одигра уште еден меч од 6. коло на Втората футсал лига на Македонија, откако ланскиот прволираш на домашен терен со 9:3 го декласираше тимот на Партизан Југ од Брвеница на домашен терен.
Дамјан Благоевски беше стрелец на четири гола, двоен стрелец беше Икица Јованов, а по еден гол постигнаа Ѓорѓи Султанов, Иван Наумов и Давид Бојковски.
За гостинакиот тим двапати стрелаше Марко Спировски, а еднаш погоди Даниел Јандриески.
Колото ќе се комплетира со мечеви кои се играат денес, утре и во вторник.