РакометРакометна репрезентација

Македонија против Словачка за место на СП – драматичен двомеч ја реши судбината на ривалот

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Ракометната репрезентација на Македонија ќе се соочи со селекцијата на Словачка во баражот за пласман на Светското првенство во Германија наредната година.

Словаците до третата бараж-фаза стигнаа по драматичен двомеч против Украина. Иако во реваншот на домашен терен беа поразени со 32-31, победата од првиот натпревар (27-24) им беше доволна за пласман понатаму.

Украина имаше одлична можност да направи пресврт, откако во текот на мечот неколкупати водеше со шест голови разлика, а на полувремето замина со убедлива предност од 20-15.

Сепак, пресуден беше падот во играта на почетокот од вториот дел. Словачка брзо се врати во игра и израмни на 23-23, по што натпреварот влезе во неизвесна завршница „гол за гол“, сценарио кое им одговараше на домаќините и им овозможи да го задржат вкупното водство.

Во редовите на Словачка, Бријатка беше најефикасен со осум погодоци, Прокоп додаде пет, а Сметанка четири. Капитенот Љубомир Дуриш го одигра својот последен натпревар во националниот дрес и постигна три гола.

Голманите Зернович и Конечни имаа значаен придонес со вкупно 13 одбрани, додека кај Украина најрасположен беше Турченко со осум голови.

Првиот натпревар од битката за мундијалскиот пласман ќе се игра на 13 или 14 мај во Словачка (Братислава, Кошице или Бистрица), додека реваншот е закажан за 17 мај во Скопје, каде ќе падне конечната одлука за патникот на Светското првенство.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Победа го декласираше Борец со четири гола, домашни победи за Башкими, Росоман и Бучин

Прилепска Победа пред полна стадион го декласираше Борец со 4:0 на отварањето на 6. коло на Трета лига регион 4. Домашниот состав имаше...

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Вардар Брвеница со убедлива победа над Јехона

Вардар Брвеница со убедлива победа од 6:0 над Јехона го отвори 6. коло на Трета лига регион 6. Даниел Јандриески го отвори резултатот,...

Поврзани написи
Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми...

Ракомет

Бутел ја испушти победата во Хрватска, Горица се спаси со пресврт во финишот  

Ракометарите на Бутел Скопје пропуштија можност за позитивен резултат на гостувањето кај...

Ракомет

Алкалоид со сигурен чекор кон следната рунда, Ферлах падна во „Автокоманда“!

Ракометарите на Алкалоид на најдобар начин ја започнаа европската авантура, откако на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!