По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар стрелец. „Рибар“ и „пират“ го делат врвот на листата на најдобри стрелци со по 13 погодоци.
И натаму Иван Глигоров од тимот на Охрид и Виктор Ангелов од екипата на Скопје се најдобри стрелци, но нив успеа да ги стигне Стефан Јовановски, кој за Новаци има постигнато 12 погодоци.
Тројца фудбалери имаат по 11 погодоци – Сашо Дуков од Детонит Плачковица, Азис Јамини од Тетекс и Андреј Симевски од Каменица Саса, кој застанува на овие погодоци бидејќи кариерата ја продолжи во странство.
На десетте погодоци остана и Бојан Спиркоски кој го носеше дресот на Беласица во есенскиот дел, но го напушти клубот.
По девет гола имаат Фикрет Љиварека од Шкендија Арачиново и Тони Мичковски кој во есенскиот дел го носеше дресот на Каменица Саса, а сега на Детонит Плачковица. Осум погодоци има Антонио Каланоски за Охрид.
По седум погодоци имаат Веби Ислами за Кожуф, Аљбан Мемеди кој во есенскиот дел беше дел од Кожуф, а сега настапува за Брегалница и Александар Милушев за Беласица.