Ракомет

Соколовска останува верна на Атлетик до 2029 – клубот гради силна иднина

Сподели
ФОТО: ЖРК Атлетик
Сподели

ЖРК Атлетик продолжува со создавање стабилен и конкурентен тим за иднината, откако пивотот Дафина Соколовска го продолжи договорот со клубот до 2029 година.

Станува збор за ракометарка која има богато искуство и развоен пат низ најпознатите македонски школи. Соколовска своите први чекори ги прави во ЖРК Вардар во 2015 година, по што кариерата ја продолжува во академијата на Металург, каде се развива и станува дел од младинските категории. Во 2022 година повторно се враќа во Вардар, каде настапува до 2025 година и освојува титули во кадетска и младинска конкуренција.

Од оваа сезона таа е дел од Атлетик, а со новиот договор клубот јасно покажува дека сериозно смета на неа како важен дел од проектот. Од двете страни постои задоволство од соработката, што резултираше со долгорочно продолжување.

Во меѓувреме, Атлетик има фантастична сезона зад себе – тимот бележи максимален ефект во Првата женска ракометна лига и веќе обезбеди пласман во Супер лигата од следната сезона.

Со вакви потези и задржување на клучните играчи, Атлетик испраќа јасна порака дека гради амбициозен состав подготвен за нови предизвици на највисоко ниво.



Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пројковска на центарот во Радовиш, Јовановски ќе им суди на Саса и Новаци, Ѓоргиев оди во Струмица

Со седум натпревари в сабота ќе се отвори 21. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори в недела со еден...

Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада Работнички со 4:1 и го преземаа водството на табелата во оваа...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!