Денес со почеток од 14:30 часот се игра последниот четвртфинален меч меѓу Струга Трим Лум и Шкендија.
Капитенот Буњамин Шабани вели дека би сакал Струга Трим Лум и Шкендија да се сретнат во големото финале:
„Би сакале овој натпревар да беше финале, бидејќи верувам дека ќе се создадеше многу добра атмосфера, но за жал ждрепката посака да се сретнеме во четвртфиналето. Натпреварите со Шкендија секогаш биле многу интересни и неизвесни до самиот крај, па мислам дека мали моменти можат да ја решат судбината на овој дуел. Домашниот терен можеби е мала предност, бидејќи го познаваме теренот, но не мислам дека тоа игра голема улога во оваа фаза против противник како Шкендија. Секој натпревар е приказна сам за себе. Минатата година ние бевме тие што победија и обезбедија финале. Нормално дека имаме квалитет и сила да повториме нешто такво, но треба да имаме предвид дека играме против квалитетен тим, па мора да бидеме многу дисциплинирани во играта за да ја постигнеме целта. Против Шкендија досега сме биле успешни, особено во Купот, каде што немаме пораз. Се надеваме дека ќе продолжиме со тој ритам и оваа година. Како што реков и претходно, имаме квалитетен тим, но мора да одиграме без грешки и да бидеме многу дисциплинирани, бидејќи ваквите натпревари, особено кога се игра само еден меч, можат да се решат со еден момент. Мислам дека денес треба да биде вистински празник на фудбалот во Струга, со што повеќе навивачи на трибините, бидејќи знаеме дека фудбалот се игра за навивачите. Се надеваме дека ќе има одлична атмосфера и на крајот ќе победи фудбалот“, вели капитенот на Стружани.
Победникот од овој дуел ќе им се приклучи на Шкендија Арачиново, Охрид и Силекс го полуфиналето.