КупФудбал

Малиќи: Струга е мотивирана, но ние одиме по Куп титула

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Шкендија денес го игра четвртфиналниот меч со Струга Трим Лум, со кој меч ќе се комплетира оваа фаса од Купот на Македонија и ќе бидат познати сите полуфиналисти.

Фудбалерот на Шкендија, Анес Мелиќи вели дека фокусот на неговиот тим покрај на шампионатот е и на Купот. Додава дека Струга Трим Лум е мотивирана бидејќи Купот ќе им донесе излез во Европа, но вели дека секој противник кога игра против Шкендија е дополнително мотивиран

Мелиќи верува во позитивен резултат и мечот да се добие во регуларниот дел.

„Гледајќи ја табелата и фактот дека е познато дека главната цел на Шкендија е шампионската титула, секако целиме и на Куп титулата. Од друга страна, Струга како единствена опција за излез во Европа го има токму Купот. Очекуваме нормално да бидат многу мотивирани, всушност против Шкендија секој ривал доаѓа со дополнителен мотив. Кај нас во тимот атмосферата е многу добра поради одличните резултати. Ние сме максимално подготвени и одиме по позитивен резултат. Форматот на Купот во оваа фаза носи само еден натпревар и кој ќе победи – продолжува понатаму. Сакам да бидам внимателен во изјавите, можам да кажам дека многу добро се подготвивме за натпреварот и тоа што треба да го направиме, ќе треба денес да го покажеме на терен. Воопшто не сме размислувале за опцијата натпреварот да се решава преку пенали и не сме тренирале нешто дополнително. Секако дека не се знае како може да се одвива натпреварот, може да се случи да се решава и со пенали. Но, не сме правеле некаква посебна подготовка. Реално, пеналите и слободните удари ги тренираме речиси по секој тренинг, но не конкретно за овој дуел. Сметам дека Шкендија оди на победа во регуларниот дел и директен пласман понатаму“, изјави Анес Мелиќи.

Мечот се игра денес покрај Охридското Езеро во градот на поезијата со почеток од 14:30 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид останува на врвот, Пелистер и Работнички израмнети, Тетекс со голем скок, тешка борба за бегство од опасната зона!

Осмото коло на Втората лига направи промени на врвот од табелата, резултати кои најмногу им одговара на дел од екипите во горниот дел...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен останува на врвот, шампионот Скопје втор со бод помалку, промени на средината од табелата, Кочани на дното

Деветтото коло на Првата женска фудбалска лига донесе промени на табелата со што некои екипи напредуваа, а некои се спуштија некоја позиција подолу....

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Мал Ајакс го доби дербито со Овче Поле, Балкан ја декласираше Победа со 23 гола

Новата сезона во Втората футсал лига на Македонија започна доста ефикасно со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!