РакометРакометна репрезентација

Лазаров: Австрија е вистински тест, но ќе испробаме нови решенија пред баражот

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Македонската ракометна репрезентација ја очекува пријателски натпревар против Австрија на гостински терен во Брегенц на 21 март од 18:00 часот. Овој дуел ќе биде последна проверка пред баражот за пласман на Светското првенство, каде Македонија ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу Украина и Словачка.

Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров истакна дека натпреварот со Австрија ќе има двојна цел – резултатска, но и тестирачка, со акцент на нови играчи и тактички варијанти.

„Треба да бидеме задоволни затоа што со настапот на Европското првенство го избегнавме првиот бараж, така ќе имаме шанса порелаксирано да пробаме нешто и некои нови играчи кои во иднина би можеле да придонесат. Австрија е квалитетен противник, секако дека нема да одиме да изгубиме, сакаме да победиме, но резултатот нема да е во прв план, ќе пробаме работи што можеби би ги користеле во баражот.“

ФОТО: РФМ

Во продолжение, селекторот се осврна на претстојниот бараж, нагласувајќи дека стручниот штаб внимателно ќе го следи исходот од дуелот меѓу Украина и Словачка за да ја темпира подготовката.

„Го чекаме тој двобој да видиме како ќе заврши за да можеме квалитетно да се подготвиме. Кога е репрезентацијата во прашање во секој момент треба да се искористи да се даде шанса на некој нов играч да видиме дали би можеле да го користиме на големи натпреварувања со силни противници. Избравме силен тим на гостински терен затоа што првиот натпревар го играме на гости и тоа ќе биде една добра и ментална подготвка. Австрија правеше проблеми и на многу посилни репрезентации од нас како на Европското првенство, така и на минатиот Мундијал”, истакна Лазаров.

ФОТО: РФМ

Лазаров дополнително потенцираше дека без разлика на противникот, Македонија ќе мора да биде максимално подготвена, бидејќи нè очекува тежок предизвик.

„Од материјалите што ги имаме на хартија Украина е фаворит, но до последен момент мислам дека нема да го знаеме противникот, двете репрезентации играат различен ракомет. Наше е да се подготвиме, нема да биде лесно, ќе бидеме во улога на фаворити, не сме навикнати да имаме една таква улога. Најважно е да посакаме да бидеме здрави, има многу време и многу натпревари за ракометарите во клубовите, па затоа сакаме пред се сакам сите да сме здрави”- заврши селекторот.

Ова ќе биде единствениот тест за македонската селекција пред мундијалскиот бараж во мај, кој ќе биде клучен за евентуален пласман на светската сцена.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Тиверија Брера која во првата фаза беше слободна одбраната на...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

По Халкида, бодовите против Шведска добиваат поголема тежина за Македонија

Македонија го заврши ноемврискиот дел од квалификациите за ракометното ЕП 2028 со два бода и со второ место на тековната табела во групата...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

По Халкида, бодовите против Шведска добиваат поголема тежина за Македонија

Македонија го заврши ноемврискиот дел од квалификациите за ракометното ЕП 2028 со...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!