Прва лигаФудбал

Меморијален меч во чест на Андреј Лазаров: Тиквеш и Работнички ќе играат во Кавадарци

Сподели
Сподели

Македонскиот фудбал ќе му оддаде достојна почит на прерано починатиот фудбалер Андреј Лазаров, преку меморијален натпревар меѓу неговите поранешни клубови Тиквеш и Работнички.

Дуелот е закажан за 29 март со почеток од 13:00 часот во Кавадарци и ќе има силна симболика, една година по трагедијата во која Лазаров го загуби животот. На 16 март 2025 година, во страотниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, не згасна само еден млад живот, туку во црно беше завиена цела Македонија.

Андреј Лазаров потекнуваше од кочанската населба Оризари и зад себе остави трага во македонскиот фудбал. Во својата кариера настапуваше за Тиквеш и Работнички, а беше дел и од Металург во младинските категории. Подоцна го носеше дресот и на Шкупи, а интернационално искуство стекна во Хрватска, играјќи за Рудеш и Горица.

Иницијативата за организирање на овој натпревар доаѓа од неговиот близок пријател, фудбалскиот судија Александар Ананиев, кој дели правда во Трета лига – Исток.

Овој меч нема да биде само обичен пријателски натпревар, туку момент на сеќавање, почит и благодарност кон еден млад фудбалер кој прерано го напушти теренот, но засекогаш ќе остане дел од македонскиот фудбал.

Сподели

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Сребро за Ведрана Тунески, македонското таеквондо има нова голема надеж!

Македонската таеквондистка Ведрана Тунески од ТК Бутел оствари одличен резултат на Европското Гранд При (Е6), освојувајќи го сребрениот медал во кадетска конкуренција до...

Прва лигаФудбал

Алити: Ќе се бориме за секоја топка и ќе го дадеме максимумот

Денес ќе се одигра последниот натпревар од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига, во кој на Градскиот стадион во Гостивар, Арсими ќе...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Алити: Ќе се бориме за секоја топка и ќе го дадеме максимумот

Денес ќе се одигра последниот натпревар од 10. коло во Првата македонска...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Беласица им оддаде почит на клупските легенди Благој Митев и Димитар Георгиев – Шеки

Фудбалскиот клуб Беласица им оддаде посебна почит на две значајни имиња од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!