Ракомет

Вардар го донесе српскиот репрезентативец Бомаштар – нов чувар на мрежата од сезоната 2026/27

Сподели
Сподели

Ракометниот клуб Вардар постигна договор со српскиот репрезентативен голман Милан Бомаштар (26), кој од следната сезона ќе го засили „црвено-црниот“ состав. Соработката ќе започне од сезоната 2026/27 и ќе трае во наредните две години.

Бомаштар пристигнува во Скопје како дел од стратегијата на клубот за дополнително засилување на голманската линија и зголемување на конкуренцијата во тимот, како за домашните, така и за европските предизвици.

Станува збор за голман со богато меѓународно искуство. Во моментов настапува за францускиот Шартр, а во својата кариера има брането и во Шведска за тимот на Шевде, како и во Шпанија за Адемар Леон.

Новиот чувар на мрежата не го криеше задоволството од трансферот во редовите на Вардар, потенцирајќи ја важноста на соработката со тренерот на голмани Марио Келентриќ, како и атмосферата во салата „Јане Сандански“.

„Вардар е еден од најдобрите клубови на Балканот и многу сум среќен што ќе бидам дел од таков клуб. Мислам дека ова е чекор повеќе во мојата кариера и дека многу ќе ми значи соработката со Марио Келентриќ, кој е еден од најдобрите тренери на голмани. Со нетрпение ја очекувам можноста да го бранам голот пред фантастичните навивачи на Вардар во салата „Јане Сандански“, познати како едни од најдобрите во Европа. Македонската лига во последните неколку години израсна во една од најјаките лиги на Балканот. Верувам дека со Вардар ќе ги освоиме сите домашни трофеи и дека во Европа ќе се покажеме во најдобро можно светло, изјави Бомаштар.

Со овој потег Вардар уште еднаш потврдува дека има високи амбиции и сериозни планови за иднината, како на домашната сцена, така и на европската ракометна мапа

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!