Младиот македонски тенисер Марко Алексовски продолжува со одличните настапи и стигна до нов турнирски успех. Изминатата недела ја круниса со триумф во конкуренција на двојки на турнирот „Ексалко куп“ во Лариса, каде заедно со Италијанецот Паоло Карочо го освоија првото место. Турнирот беше од категорија 3.
Алексовски е во одлична форма, откако само една недела претходно славеше и во поединечна конкуренција на турнир во Солун.
Интересно е што на турнирот во Лариса, Македонија сигурно ќе имаше победник, бидејќи во финалето ривали на Алексовски и Карочо им беа македонскиот тенисер Александар Грујиќ и Оливер Крупа. На крајот, Алексовски и Карочо славеа убедливо со 2:0 во сетови (6:4, 6:3).
Во поединечна конкуренција, најдобар пласман од македонските тенисери оствари Грујиќ, кој стигна до четвртфиналето, додека Алексовски и Андреј Стојановски беа елиминирани во третото коло.
На турнирот настапи и Јована Вељановска во женска конкуренција.