Трета лигаФудбал

Дреново против Превалец, дерби на Росоман и Младост од Кривогаштани!

Сподели
Сподели

В недела ќе бидат одиграни петте натпреварите од 11. коло на Трета лига – Југ, откако во овој регион се откажа и екипата на Обршани, а пред стартот на сезоната и екипата на Марена, што значи дека во секое коло има по две слободни екипи.

Во рамки на оваа рунда слободни ќе биде екипата на Бучин и лидерот Големо Коњари.

Дреново на домашен терен ќе има вистински предизвик против фаворитот Превалец, додека пак Питу Гули како фаворит во Крушево ќе го пречека тимот на Влазними Јуниор.

Слога на домашен терен ќе бара дури втора радост против екипат на Башкими 2008, гостинот на овој меч како фаворит ќе бара петто славје.

Дерби од средишниот дел на табелата меѓу екипите на Венец и Ултрас, додека пак дерби на голото ќе играат некогашниот второлигаш Росоман и Младост од Големо Коњари. Две екипи кои имаат ист скор од пет победни, две ремија и два порази и со по 17 бодови го делат второто место на табелата.

Сите натпревари ќе стартуваат во 13 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Младеновски ќе им суди на Кадино и Аеродром, Тодоровски на Куманово и Шкендија Арачиново

Денес со натпреварот меѓу Кадино и Аеродром ќе биде отворено 16. коло на Трета лига – Север, а колото ќе се комплетира утре...

Трета лигаФудбал

Стојсавлевиќ ќе им суди на Слога и Големо Коњари, Костов на Венец и Питу Гули!

Во недела ќе се одиграат пет натпревари од 16. коло на Трета лига – Југ, а во рамки на оваа рунда слободни ќе...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Младеновски ќе им суди на Кадино и Аеродром, Тодоровски на Куманово и Шкендија Арачиново

Денес со натпреварот меѓу Кадино и Аеродром ќе биде отворено 16. коло...

Трета лигаФудбал

Стојсавлевиќ ќе им суди на Слога и Големо Коњари, Костов на Венец и Питу Гули!

Во недела ќе се одиграат пет натпревари од 16. коло на Трета...

Трета лигаФудбал

Мартиновски ќе им суди на Света Троица и Сатеска, Зекмановски главен во Мешеишта

Утре започнува пролетната полусезона во Третата фудбалска лига – Југозапад, овој регион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!