Во неделата на 15 март во Скопје, во општина Бутел, се одржа Државното првенство во џудо во организација на Џудо федерацијата на Македонија, со техничка поддршка на Џудо клубот Радишани. На ова значајно натпреварување успешно настапија и натпреварувачите на Џудо клубот Дрим од Струга, кои уште еднаш покажаа силен натпреварувачки дух и одлични резултати.
Викендот беше исклучително динамичен за струшкиот клуб, кој само еден ден претходно настапи на два различни меѓународни турнири, а веднаш потоа продолжи со учество и на Државното првенство.
Овој интензивен распоред, како што посочуваат од клубот, е доказ за посветеноста, дисциплината и големата љубов кон спортот, како и за континуираната работа во развојот на младите спортисти.

Џудистите на Дрим повторно покажаа дека со труд, упорност и тимски дух можат да се постигнат значајни резултати, а нивните настапи се уште една потврда дека клубот се движи во вистинска насока.
Пласмани – Деца:
🥇 Ајлин Бајрамоска (-36 кг) – 1 место
🥇 Мелани Јакуповска (-40 кг) – 1 место
🥈 Мила Стојанова (-48 кг) – 2 место
🥈 Дарио Стојанов (-22 кг) – 2 место
🥈 Ненад Костоски (-38 кг) – 2 место
🥈 Анастасија Јовческа (-36 кг) – 2 место
🥉 Ивона Мојсова (-32 кг) – 3 место
🥉 Елиф Тала (-36 кг) – 3 место
Пласмани – Кадети/ки:
🥇 Амар Бајрамоски (-60 кг) – 1 место
🥈 Доријан Петкоски (-50 кг) – 2 место
🥉 Драгица Рафтоска (-63 кг) – 3 место
🥉 Лука Колевски (-73 кг) – 3 место
🥉 Мелек Тала (-57 кг) – 3 место

Од Џудо клубот Дрим истакнуваат дека се горди на сите натпреварувачи кои со голема храброст и борбеност излегоа на татамито и достојно го претставија клубот. Постигнатите резултати се уште една потврда за дисциплината, посветеноста и вредностите што се градат во клубот.
Стружани најавуваат дека со истата енергија ќе продолжат и понатаму да го развиваат џудото, да ги мотивираат младите генерации и да го промовираат спортот, својот град и државата на домашните и меѓународните натпреварувања.