Трета лигаФудбал

ФОТО: Реми на Ударник и Победа Валандово пред повеќе од 1000 гледачи во Пирава, Овче Поле до цел „плен“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Без победник заврши големото дерби на Југот во рамки на 13. коло од Трета лига – Исток, откако Ударник и лидерот Победа Валандово одиграа без голови (0-0) пред повеќе од 1000 гледачи на стадионот во Пирава.

Натпреварот се одигра во фантастична атмосфера, каква што ретко се гледа дури и на мечеви од повисок ранг. Преполните трибини, песната на навивачите и големата страст за фудбалот уште еднаш покажаа дека Пирава и целиот регион живеат за ова дерби.

Публиката создаде вистински фудбалски амбиент и постојано ги бодреше своите миленици, но и покрај големата желба на двете екипи – голови немаше.

ФОТО: Спортска Мрежа

Иако мрежите мируваа, на теренот не изостана борбата. И Ударник и Победа Валандово имаа свои моменти и неколку солидни шанси, но на крајот мораа да се задоволат со поделба на бодовите. Со ова реми валандовчани остануваат непоразени на врвот на табелата, а традиционално добриот меѓусебен биланс со Ударник останува на нивна страна.

ФОТО: Спортска Мрежа

Од поделбата на бодовите најмногу профитираше Овче Поле, кој славеше на гостувањето кај Карбинци со 2-3.

Резултатот беше отворен по само пет минути игра кога Тоше Стојанов си постигна автогол, носејќи му водство на тимот од Свети Николе. Со таа предност Овче Поле замина на пауза.



Во второто полувреме гостите ја зголемија предноста. Ѓорѓи Султанов во 57. минута погоди за 0-2, а само три минути подоцна повторно се запиша во листата на стрелците за високи 0-3. Домаќините сепак не се предадоа – Мирче Натков намали на 1-3 со погодок од слободен удар, а во 72. минута Марио Атанасовски реализираше пенал за 2-3.

До крајот Карбинци се обидуваше да стигне барем до бод, но гостите успеаја да ја задржат предноста и да го однесат целиот плен во Свети Николе.



„Калинкарите“ од Валандово остануваат на врвот со 29 бодови, Овче Поле се проби сега на второто место со 28 бодови, но има меч повеќе, а пак Ударник, исто така со меч повеќе од Победа е трет со 26 бодови.

Во тек е натпреварот во Дојран меѓу Дојранско Езеро и Малеш од Берово, а по неговото завршување ќе следува и извештај од тој дуел на Спортска Мрежа.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Реми на Вардар Брвеница, лидерот Камјани и Влазерими со убедливи победи

Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во гости, а во рамките на 13-тата рунда на Трета лига -Запад....

Трета лигаФудбал

Малеш во 92. минута се спаси од пораз во Дојран откако ремизираше со Дојранско Езеро

Со четири погодоци и без победник заврши натпреварот во Дојран меѓу Дојранско Езеро и Малеш од Берово (2:2), со што беше комплетирано 13....

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Реми на Вардар Брвеница, лидерот Камјани и Влазерими со убедливи победи

Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во...

Трета лигаФудбал

Малеш во 92. минута се спаси од пораз во Дојран откако ремизираше со Дојранско Езеро

Со четири погодоци и без победник заврши натпреварот во Дојран меѓу Дојранско...

Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Ибраими со мајсторски гол ѝ донесе победа на Шкендија против Арсими

Фудбалерите на Шкендија запишаа важна победа во 23. коло од Првата македонска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!