Прва женска фудбалска лигаФудбал

Рутинска висока победа за фудбалерките на Истатов над Речица

Сподели
ФОТО: ЖФК Истатов
Сподели

Фудбалерките на Истатов стигнаа до лесна рутинска победа од 0:3 над Речица во гости, во меч од 18. коло на Првата женска фудбалска лига.

Елма Шемсовиќ го отвори резултатот за водство на гостинот од 0:1, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел Ана Нешковска во 57. минута постигна гол за двојна предност на „истатовки“, а во 73. минута Радица Чонева постигна гол за конечни 0:3.

Тимот на Истатов кој го води стратегот Кирил Изов стигна до 11-тата сезонска победа и има 35 бодови, а пак Речица со 11 бодови е осма на табелата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Ибраими со мајсторски гол ѝ донесе победа на Шкендија против Арсими

Фудбалерите на Шкендија запишаа важна победа во 23. коло од Првата македонска фудбалска лига, откако на домашен терен го совладаа Арсими со минимални...

Трета лигаФудбал

Гостинска победа за Питу Гули, Ултарс со „петарда“ за Росоман, сигурна победа за Борец

Само една гостинска победа во 16. коло на Трета лига – Југ, откако тимот на Питу Гули од Крушево со 0:1 славеше над...

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!