Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и ќе пресуди во битката за опстанок, откако пред верната публика во Крива Паланка беше совладана Форца со 6:4.
Ова беше реприза на финалето од Купот на Македонија, со тоа што сега Осогово излезе како победник и освои три бодови во тешката борба која тимот од Крива Паланка ја води за опстанок.
Кристијан Станојковски со три гола е херој на Осогово, а по еден гол за домаќинот постигнаа Дарио Павловски, Михаил Павловски и Бојан Иванов, додека пак за гостинот од Куманово до хет-трик стигна Берат Рамадани, а пак по еден гол постигнаа Артан Јунузи и Јасир Зекири.
Форца ги загуби двата фронта за одбрана на двојната круна – во Купот беше елиминирана во четвртфиналето, а во шампионатот е одамна е загубена битката за одбрана на титулата.
Осогово сега е на осмото место на табелата со 14 бодови, а Форца е трета со 22 бодови.