Ракомет

Алкалоид поднесе жалба: Скандалозно судење на натпреварот против ГРК Охрид

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Алкалоид ремизираше со Охрид во „Билјанини Извори“, откако двете екипи одиграа 27:27 и ги поделија бодовите. По мечот, тимот од Автокоманда преку соопштение информираше декае поднесена официјална жалба поради, како што велат од Алкалоид, сериозни судиски пропусти и крајно неконзистентното судење на натпреварот до надлежните органи на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

  • ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА РФМ:

Ракометниот клуб Алкалоид ја информира јавноста дека до надлежните органи на Ракометната федерација на Македонија е поднесена официјална жалба поради сериозните судиски пропусти и крајно неконзистентното судење на натпреварот меѓу ГРК Охрид и РК Алкалоид, одигран на 14 март 2026 година во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, во рамки на второто коло од плејофот во македонската Суперлига, кој заврши со нерешен резултат 27-27.

Станува збор за натпревар од исклучително значење во плејоф фазата, дерби кое имаше резултатска тежина, натпреварувачки набој и големо влијание врз понатамошниот тек на првенството. Токму затоа, ваквите натпревари бараат највисок степен на професионалност, концентрација, интегритет и изедначен критериум во судењето.

ЛАЗАРОВ: „ОХРИД Е ПРЕКРАСЕН ПРОЕКТ, НО НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ МОРА ПОВЕЌЕ ДА СЕ ПОЧИТУВАМЕ“

РК Алкалоид смета дека на овој натпревар беше драстично оштетен од одлуките на судиската двојка Виктор Начевски и Даниело Божиновски, чие судење, според клубот, беше лошо во текот на целиот натпревар, со невоедначен критериум, различен пристап во идентични ситуации и со повеќе спорни одлуки што директно влијаеја врз ритамот на играта, психолошката стабилност на тимот и конечниот резултат.

„Дерби натпреварот во Охрид беше со сите карактеристики на дерби меч, во кој движењето на резултатот во текот на сите 60 минути беше во рамки на еден до два гола разлика. Натпреварот можеше да биде резултатски прекршен во кој било период од играта, а тоа особено се однесува на финишот. Сметаме дека РК Алкалоид е драстично оштетен со катастрофалното судење на судиската двојка Виктор Начевски и Даниело Божиновски. Судењето беше лошо во текот на целиот меч, критериумите не беа изедначени, а во неколку наврати беа донесени одлуки на штета на РК Алкалоид за кои сметаме дека директно влијаеја на конечниот исход на дербито“, изјави претседателот на клубот, Горан Минов.

РК Алкалоид очекува Ракометната федерација на Македонија без одлагање, детално, стручно и одговорно да ја разгледа поднесената жалба и да утврди дали на овој натпревар биле исполнети основните критериуми за фер, објективно и непристрасно судење. Апелираме до надлежните да постапат професионално, одговорно и без калкулации.

РК Алкалоид и во иднина ќе продолжи да ги користи сите дозволени и легитимни механизми за заштита на своите права, интереси и спортскиот интегритет на клубот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!