Ракомет

Лазаров: „Охрид е прекрасен проект, но ние Македонците мора повеќе да се почитуваме“

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи ги поделија бодовите играјќи 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот донесе многу неизвесност, пресврти и драматична завршница, а домаќините имаа и последен напад за победа, но не успеаја да реализираат.

Со ова реми и двете екипи остануваат во трката за висок пласман, но пропуштија можност да се доближат до врвот на табелата. Охрид сега има 40 бода, исто колку и Еурофарм Пелистер, додека Алкалоид е на 36 бода и заостанува зад лидерот Вардар.

Натпреварот донесе израмнета борба и во двете полувремиња. Охрид имаше предност во делови од првиот дел, но Алкалоид успеа да возврати и во финишот на полувремето да дојде до водство од два гола.

Во вториот дел гостите поведоа со 16-13, но домаќинот брзо се врати во игра и израмни на 17-17. Следуваше период на агресивна игра на двете страни, со многу исклучувања и постојани промени на водството.

Алкалоид во финишот имаше и два гола предност (26-24), но Охрид повторно се врати и направи пресврт за 27-26. Во драматичната завршница Борсаш израмни на 28-28, по што домаќините имаа последен напад за победа, но не успеаја да создадат шанса за гол и бодовите беа поделени.

По натпреварот, тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров, во изјава за Спортска Мрежа, истакна дека е горд на настапот на своите играчи, особено нагласувајќи ја нивната посветеност и фактот што тимот се потпира на домашни ракометари. Сепак, тој призна дека во клубот постои одредено разочарување поради случувањата во последниот период.

„Јас сум горд на моите момци, на нашите момци Македонци, за сето она што го покажаа во овој натпревар. Момците полека стануваат разочарани за сè она што се случува во последните два до три месеци, ова е македонштина, македонски проект. Имам големи пофалби за Охрид како проект и за вложувањата и посакувам да бидат уште подобри. Секоја чест за градоначалникот, да продолжи да вложува и еден ден да станат шампиони. Секако дека ќе го заслужат тоа на еден коректен начин.“

ФОТО: РК Алкалоид

Лазаров во продолжение нагласи дека македонскиот ракомет треба повеќе да им верува и да ги почитува домашните играчи ако сака да гради силен национален тим. Воедно упати пофалби и за проектот на Охрид и за публиката која, според него, знае да го препознае и поддржи ракометот.

„Не ми се допаѓа како се одвиваат некои работи, но меѓутоа што е, тоа е. Ние сме Македонци и не се почитуваме сами себе и тоа било така и во историјата се надевам нема да биде и во иднина, но разочарувањето е големо. Ако сакаме да правиме национален тим кој што ќе биде рамо до рамо со најдобрите мора да им веруваме на нашите Македонци, да ги почитуваме. Охрид е прекрасен проект и секоја чест, ова е милина- да бидеш дел од ракометниот клуб Охрид и да работиш овде, тоа е одлично. Честитки за охридската публика, која што 80% од нив го разбира ракометот и дава поддршка на овие млади Македонци, а и на нивната екипа, знае да навива, многу е културна публиката- и’ треба ова на Македонија.“- изјави Лазаров за Спортска Мрежа.

ФОТО: РК Алкалоид

Со поделбата на бодовите и Охрид и Алкалоид остануваат во трката за висок пласман во плеј-офот од Суперлигата, но пропуштија можност дополнително да се доближат до водечките позиции. До крајот на сезоната ги очекува жестока битка во која секој бод може да биде одлучувачки.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!